УТРО.мк

Пукал по деца и полицијата: Драматична пресметка во Битола, осомничениот ранет при апсење!

Пукал по деца и полицијата: Драматична пресметка во Битола, осомничениот ранет при апсење!
Vero

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од село Ангелци, општина Василево, поради сомнение за две кривични дела „убиство“ во обид, три „тешки кражби“ и едно дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“.

Во периодот од 2 до 7 јули 2025 година, пријавениот влегол во две викенд куќи во атарот на село Крклино, битолско, при што не одзел ништо, но направил материјална штета. Во село Долно Српци, општина Могила, со употреба на сила влегол во куќа и одзел ловечка пушка калибар 16 мм и две туби со гориво.

На 7 јули, во атарот на село Долно Српци, Г.П. пукал кон 22-годишник и двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години. Подоцна, на влезот од село Вашарејца, се обидел да пука кон полициски службеници, но не успеал. Во обидот полицијата возвратила и го погодила во ногата, по што тој бил лишен од слобода.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран