УТРО.мк

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: Има тешко повредени

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: Има тешко повредени
Vero

На 17 јули 2025 година, околу 23:45 часот, на крстосницата помеѓу улиците „11 Октомври“, „Филип Втори Македонски“ и „Даме Груев“ во Скопје се случи сообраќајна несреќа.

Во инцидентот учествувале патничко возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот К.Х. од Скопје, и мотоцикл кој го управувал 25-годишниот О.Б. од Охрид.

Мотоциклистот се здоби со тешки телесни повреди и е хоспитализиран во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на несреќата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран