Денеска, на 18 јули 2025 година, околу 00:30 часот, во СВР Скопје е пријавено дека во парк се случила физичка пресметка помеѓу М.И. (22), вработен како обезбедување во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, и 16-годишник од село Крушопек, скопско.
При инцидентот, М.И. употребил остар предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите околу настанот.
Полицијата ја продолжува истрагата и ќе преземе соодветни мерки.