УТРО.мк

Аналитичар: НАТО може да го заземе Калининград, но тоа би значело почеток на Трета светска војна

Аналитичар: НАТО може да го заземе Калининград, но тоа би значело почеток на Трета светска војна
Vero

Изјавата на американскиот генерал Крис Донахју дека НАТО би можел „невидено брзо“ да ја заземе руската Калининградска област ја разгори дебатата за опасноста од директен судир меѓу западниот сојуз и Русија. Калининград – руска енклава меѓу Полска и Литванија – е меѓу најмилитаризираните региони во Европа, но и точка на потенцијален конфликт со глобални последици.

Генералот Донахју рече дека сојузничките сили денес се во состојба да ја преземат контролата врз областа „брзо како никогаш досега“, благодарение на подобрената координација, модернизацијата и новата стратегија на НАТО за одвраќање на источниот фронт.

Реакциите од Москва не доцнеа. Рускиот пратеник Леонид Слуцки порача дека „напад на Калининград е напад врз Русија“ и отворено предупреди на можно користење на нуклеарно оружје како одговор.

Воениот аналитичар Маринко Огoрец смета дека НАТО навистина има капацитет за брзо заземање на Калининград, особено поради ослабеноста на руските сили, делумно предизвикана од пренасочување на единици кон Украина. Но, токму таков потег, според него, би го активирал нуклеарниот одговор на Москва.

„Русија таму има тактичко нуклеарно оружје, има ракетни системи со нуклеарен потенцијал. Ако некој го нападне Калининград, Русите нема да се двоумат – тоа може да биде искрата за Трета светска војна“, предупредува Огoрец.

Тој додава дека во моментов Русија е премногу ангажирана со војната во Украина и не претставува директна закана за НАТО. Сепак, апелира на претпазливост поради непредвидливиот карактер на рускиот претседател Владимир Путин.

„Не верувам дека Путин има апетит за Балтичките држави, иако тие имаат стратешка важност за Русија. Но ситуацијата со Украина е сосема поинаква. За НАТО, рационалноста е клучна – напад на Калининград би бил катастрофална грешка“, заклучува Огoрец.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран