УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Такси возачите ќе имаат вистински сојузник во Град Скопје

Ѓорѓиевски: Такси возачите ќе имаат вистински сојузник во Град Скопје
Vero

Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со претседателот на синдикатот на такси возачите, на која се разговараше за унапредување на такси превозот во главниот град.

Ѓорѓиевски нагласи дека внимателно ги слушнал барањата и предлозите на такси возачите и најави дека голем дел од нив ќе бидат имплементирани. Како најважни прашања се издвоени уредувањето и брендирањето на такси стојалиштата, справување со дивите таксисти и обезбедување фер и регуларни услови за работа.

„Сметам дека овие чекори водат кон воспоставување ред и професионалност во такси превозот. Такси возачите во мене имаат сојузник“, истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека по победата на локалните избори, градската администрација ќе биде вистински партнер во решавањето на овие предизвици.

Тој порача дека Скопје мора да стане поорганизиран, побезбеден и покоректен град за сите негови граѓани.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран