Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со приватните превозници од јавниот транспорт во Скопје, со цел унапредување на состојбите во градскиот превоз и обезбедување подобри услуги за граѓаните.

„Разговаравме искрено и конструктивно за сите предизвици со кои се соочува јавниот превоз, но уште поважно – зборувавме за решенијата“, изјави Ѓорѓиевски. Тој нагласи дека приоритет е создавање модерен, функционален и достапен транспортен систем, кој ќе одговара на реалните потреби на скопјани.
Во фокусот на разговорите беше потребата за координација меѓу ЈСП и приватните превозници, како и конкретни чекори за надминување на тековните проблеми. Меѓу мерките што ќе се преземат се оптимизација на линиите, подобрување на возниот ред и обезбедување сигурен и ефикасен превоз за сите корисници.

„Јавниот превоз мора да се движи напред – за граѓаните, за секојдневието, за иднината на Скопје“, порача Ѓорѓиевски, најавувајќи дека ќе се вклучат и позитивни регионални искуства во новите решенија.