УТРО.мк

Уапсен тежок криминалец на граница – бил баран од Интерпол

Уапсен тежок криминалец на граница – бил баран од Интерпол
Vero

На 17 јули 2025 година, околу 16:20 часот, на Граничниот премин Долно Блаце, при влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 26-годишниот С.А. од Косово.

Како што соопшти МВР, при граничната контрола било утврдено дека лицето е евидирано со мерка „апси“ по меѓународна потерница распишана од Интерпол.

По приведувањето, С.А. е предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка. Случајот се процесуира во координација со надлежните правосудни институции.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран