СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Л. (33) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“.
Како што информира полицијата, на 8 јануари 2025 година, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми, како и марихуана.
Пронајдените предмети се доставени на вештачење, а против лицето ќе следува соодветна кривична постапка. Се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.