СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ѓ. (43) од село Јегуновце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Според информациите, на 3 јули 2025 година, пријавениот самоволно заградил површина од 3.650 метри квадратни земјиште во државна сопственост, без да поседува соодветна дозвола издадена од надлежен орган.
Полицијата го документирала случајот, а против лицето ќе биде поведена кривична постапка. Надлежните институции преземаат мерки за враќање на земјиштето во државна надлежност.