УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Секое прваче во Кисела Вода ќе добие ранче и училишен прибор

Ѓорѓиевски: Секое прваче во Кисела Вода ќе добие ранче и училишен прибор
Vero

Општина Кисела Вода и годинава ја продолжува традицијата – сите првачиња на нејзина територија ќе добијат квалитетно анатомско ранче и комплет училишен прибор, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Околу 600 деца кои годинава првпат ќе седнат во училишните клупи во осумте основни училишта на општината ќе добијат сè што им е потребно за успешен почеток на образовниот процес: тетратки, прибор, и други неопходни материјали.

„Проектот што го започнавме кај нас сега е пример за цела Македонија. Целта е една – вистинска поддршка за семејствата. Првиот училишен ден треба да остане во сеќавање по детската насмевка, а не по финансиските грижи“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој информираше дека мерката важи за сите првачиња, без разлика на социјален или друг статус, и дека нема потреба од административни постапки.

„Минатата година лично сведочев на детската радост и прегратките. Оваа година очекувам уште повеќе насмевки. Влогот во најмладите е влог во иднината на Македонија“, порача градоначалникот.

Проектот, кој пред неколку години за првпат беше реализиран токму во Кисела Вода, веќе стана инспирација и за други општини низ државата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран