Бирото за јавна безбедност реализираше голема акција против организирана изнуда, уапсувaјќи лице на дело при примопредавање на 165.000 евра – пари прибрани со закани, уцени и рекет што траел со години.
Операцијата е спроведена по налог на обвинителството и по претходна криминалистичка обработка, со целосна правна процедура и судски налог. Според неофицијални извори, зад мрежата стојат лица од скопската населба Арачиново, припадници на фамилијата Маслани, која се доведува во врска со криминалните банди Барон и Беланоца.
Полицијата потврди дека делото е документирано со јасни докази, а засиленото полициско присуство во Куманово и Арачиново е дел од поширока стратегија за сузбивање на организираниот криминал.
„Ова не е изолиран случај. Ова е порака. Нема повеќе недопирливи. Нема повеќе рекет над чесни граѓани. Законот важи за сите“, изјави висок извор од истрагата за Плусинфо.
Институциите најавуваат дека ќе продолжат со ударите врз мрежи кои преку страв и насилство го уценувале населението и ја поткопувале правната држава.