04 август 2025 – Нестабилното и дождливо време ќе продолжи и во наредните два дена, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи. Утре се очекува променливо облачно и нестабилно време со локални поројни дождови, грмежи и засилен ветер, а на одредени места се можни и поинтензивни невремиња со пообилен дожд и појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 19 степени, додека максималните ќе достигнат од 24 до 29 степени.
Во Скопје, временската слика ќе биде слична – променливо облачно со локални врнежи, грмежи и услови за појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16 степени, а максималната ќе достигне до 27.
Во среда се очекува намалување на нестабилноста, со ретки врнежи и појава на умерен до засилен северен ветер.
Според прогнозите, од четврток натаму следува стабилизација на времето. Ќе преовладува сончево и потопло време со постепен пораст на дневните температури.