Реакциите на случувањата во Куманово, каде навивачки скандирања беа окарактеризирани како „говор на омраза“, повторно го отвораат прашањето за еднаков третман и правна одговорност.
Петар Богојески, претседател на Македонски концепт, остро реагира на, како што вели, двојните стандарди во односот кон етнички мотивираниот говор и навредите во јавниот простор.
„Ќе најдете тишина по скандалите со транспаренти во Тетово, додека за македонски навивачи има барање за кривична одговорност… Денес, македонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија! Ако навредите на една етничка заедница се гонат, тогаш МОРА да се гонат и сите други. Или – никој“, пишува Богојески.
Апелот на Богојески не е само одбрана на младите навивачи, туку и повик до институциите да го применуваат законот рамноправно, без оглед на етничката припадност на сторителите.
Како што нагласи тој, во општество што се стреми кон правда и соживот, селективната правда може да биде подеднакво опасна како и самата омраза.