Жителка на скопската општина Гази Баба пријавила во полиција дека нејзиниот дом бил оштетен од заталкан куршум. Според информациите од МВР, Д.Т. (55) од Скопје на 3 август 2025 година во 13:15 часот пријавила во Полициската станица Гази Баба дека ден претходно, на 2 август околу 2 часот по полноќ, забележала оштетување на ѕидот во една од просториите од нејзиниот дом.
Како што наведува, оштетувањето било предизвикано од заталкано зрно од огнено оружје.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. Засега не е познато од каде потекнува куршумот, ниту дали има поврзаност со некаква прослава или инцидент во околината.