Петнаесетгодишно момче од Скопје се здобило со тешки телесни повреди при скок од малото пристаниште во Охридското Езеро, соопшти СВР Охрид.
Инцидентот се случил на 2 август околу 05:35 часот наутро. Повредениот малолетник веднаш бил префрлен со возило на Итната медицинска помош во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде лекарите констатирале сериозни повреди.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил настанот.