УТРО.мк

Русија премести нуклеарни бомбардери поблиску до Европа, САД реагираат со подморници

Русија премести нуклеарни бомбардери поблиску до Европа, САД реагираат со подморници
Vero

04 август 2025 – Русија префрли најмалку четири стратешки бомбардери Ту-95МС поблиску до европскиот континент, што предизвика загриженост за можна ескалација на војната и потенцијална употреба на нуклеарно оружје.

Според извештајот на UA Insider, бомбардерите се веќе вооружени со крстосувачки ракети, што упатува на „голема веројатност“ за нов масовен напад врз Украина. Потегот доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп нареди две нуклеарни подморници да се позиционираат „поблиску до Русија“ како одговор на заканите од Дмитриј Медведев, близок сојузник на Владимир Путин и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност.

Руските авиони биле преместени од базата Украинка во регионот Амур назад кон базите Олења и Енгелс-2, кои се поблиску до Европа и Украина. Претходно, тие биле префрлени на Далечниот Исток поради страв од украински напади со беспилотни летала, особено по нападот на 1 јуни врз базата во Мурманск.

„Русија ги враќа бомбардерите поблиску до фронтот“, се наведува во извештајот. Некои од нив се веќе вооружени и подготвени за офанзива.

Истовремено, Белата куќа најави дека специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, наскоро ќе отпатува во Москва за да ја процени подготвеноста на Русија за преговори. Според Трамп, иницијативата за средба дошла од руската страна.

Изјавите на Медведев, кој предупреди дека „секој нов ултиматум е чекор кон војна, не само со Украина, туку со САД“, Трамп ги нарече „многу провокативни“. Кремљ, пак, се обиде да ја намали тежината на неговите зборови, посочувајќи дека официјалната позиција ја изразува само Путин.

Ситуацијата дополнително го зголемува стравот од можен директен судир меѓу двете нуклеарни сили.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран