УТРО.мк

Небото се отвори над Скопје – силен дожд и град го парализираа градот

Небото се отвори над Скопје – силен дожд и град го парализираа градот
Vero

Скопје попладнево беше зафатено од силно невреме проследено со интензивен дожд, грмотевици и спорадичен град. Временските неприлики започнаа околу 17:30 часот, а на удар беа повеќе делови од главниот град.

Особено интензивен беше дождот во централното градско подрачје, каде што граѓаните пријавуваат пад на град со големина на лешник. Поројниот дожд го отежна сообраќајот на повеќе улици, а на социјалните мрежи се појавија снимки од поплавени булевари, возила во застој и оштетени кровови.

Метеоролозите претходно предупредија на нестабилност и потенцијални врнежи, но интензитетот на невремето изненади многумина. Засега нема официјални информации за причинета материјална штета или повредени лица.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран