УТРО.мк

Меџити: Над 1,4 милиони евра за нов водоводен, атмосферски и канализациски систем во Дуќанџик

Меџити: Над 1,4 милиони евра за нов водоводен, атмосферски и канализациски систем во Дуќанџик
Vero

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска најави голема инвестиција вредна над 1,4 милиони евра за изградба на нова водоводна, атмосферска и канализациска мрежа во населбата Дуќанџик.

„Ова е вистинска трансформација на основната инфраструктура која директно ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните во оваа населба“, изјави Меџити.

Проектот е финансиран од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за животна средина, во соработка со Европската инвестициска банка (EIB).

„Сме на терен, сме во акција и нема запирање. Дуќанџик се гради со нови стандарди и со забрзано темпо“, порача министерот.

Изградбата на новите инфраструктурни мрежи е дел од пошироката стратегија за унапредување на урбаното живеење и еколошките услови во урбаните и руралните средини.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран