УТРО.мк

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Vero

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City), по почетокот на пробниот период за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци, информира МВР.

Само во првите 12 часа од тестирањето биле регистрирани впечатливи 65.000 прекршоци, меѓу кои и 2.800 случаи на минување нацрвено светло. Дополнително, системот детектирал и околу 1.000 нерегистрирани возила.

„Нема толеранција за несовесно возење, без разлика дали е во градска зона или на отворен пат. ‘Безбеден град’ е проект кој штити животи и ја враќа дисциплината во сообраќајот“, изјави министерот Тошковски.

Од МВР додаваат дека бројките се алармантни и уште еднаш ја потврдуваат неопходноста од системот кој треба да донесе подобрување на сообраќајната култура и намалување на жртвите и штетите на патиштата.

Пробниот период ќе трае до 31 декември, а дотогаш прекршителите ќе добиваат само предупредувања. Од јануари системот ќе почне целосно да функционира, со можност за електронско добивање и плаќање на казните.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран