СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишен скопски малолетник, осомничен за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Според полицијата, на 6 септември 2025 година, при извршен преглед, кај малолетникот биле пронајдени и одземени пиштол со рамка и куршуми со калибар 7,65 милиметри, кои ги поседувал без дозвола и нелегално ги носел со себе.
По документирање на случајот, против тинејџерот е поднесена соодветна кривична пријава.



























