Министерството за внатрешни работи наскоро ќе ги стави во употреба новите патролни возила опремени со 360° камери, кои ќе служат за мерење на брзина, санкционирање на неправилно паркирање и казнување на возачи кои не им даваат предност на пешаците.
Според информации на 24Инфо, белите „Форд Фокус“ модели се опремени со интегриран радарски систем, камери со висока резолуција и напреден софтвер кој во реално време го лоцира и документира прекршокот. Овие возила ќе патролираат на улиците каде што нема фиксни камери, а системот автоматски ќе испраќа казни по е-пошта.
„Конечно ќе има ред и на помалите улици“, велат извори блиски до проектот.



























