Во координирана акција изведена на 30 ноември, околу 00:10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, заедно со повеќе инспекциски служби, влегоа на контрола во угостителски објект во Свети Николе.
Во објектот биле затекнати 26 малолетници по полноќ, од кои 14 под дејство на алкохол, што претставува сериозно прекршување на законските одредби за заштита на малолетници.
Во акцијата учествуваа инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот пазарен инспекторат, УЈП, Државниот трудов инспекторат и Центарот за социјални работи. Контролата открила и повеќе други прекршоци, за кои ќе следуваат соодветни пријави од надлежните институции.
Од полицијата информираат дека, по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени пријави против одговорните лица.



























