УТРО.мк

Дали Украина ќе се финансира со блокирани руски пари?

Дали Украина ќе се финансира со блокирани руски пари?
Vero

Сигурното финансирање на Украина останува приоритет за Европската Унија, потврди денеска високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ. Целта е да се обезбедат средства за следните две години, согласно договорот од октомврискиот самит на Унијата.

– Министрите денеска нагласија дека е итно да се разгледаат опциите за финансиска поддршка. Повеќегодишното финансирање би било пресвртница за одбраната на Украина. Посилна Украина значи побрз крај на војната, бидејќи побрзо ќе се покаже дека Путин не може да нè совлада, истакна Калас.

Во рамките на ЕУ продолжуваат напорите за постигнување консензус околу споделувањето на ризиците за поддршка на Киев. Калас посочи дека, иако Белгија има забелешки во врска со планот за „заем за репарации“ кој предвидува користење на замрзнатите руски средства, таа смета дека овој пристап ја зајакнува европската позиција во однос на Москва.

– Русија должи репарации за штетите нанесени на Украина, а „заемот за репарации“ врз основа на замрзнатите средства е основата за тоа. Планот испраќа силна порака до Украина, Москва и Вашингтон дека ЕУ презема конкретни и веродостојни чекори, додаде Калас.

Другите опции, како билатерални грантови или издавање еврообврзници, не се прифатливи за сите членки, поради што „заемот за репарации“ се смета за најодржливо решение, со услов да се намалат ризиците на кои укажува Белгија.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран