Во центарот на Софија денеска избувна насилен протест, при што демонстрантите фрлаа различни предмети кон полицијата, а органите на редот се обидуваа да го разбијат собирот.
На улиците беа забележани горени кофи за отпадоци, искршени столпчиња, уништени светилки и сообраќајни знаци. Исто така, оштетени се и неколку трамваи.
Полицијата се обиде да го контролира протестот, но судирите со демонстрантите доведоа до значителни материјални штети низ централното градско подрачје.



























