Основното државно обвинителство во Подгорица одреди мерка притвор од 72 часа за српски државјанин Е.Х. и македонски државјанин Б.С., осомничени дека во текот на ноември извршиле серија тешки кражби со провала во угостителски, комерцијални и други деловни објекти на територијата на Подгорица.
Според обвинителството, Е.Х. влегувал во објектите и земал пари, додека Б.С. ја обезбедувал околината. По кражбите, двајцата ја делеле противправно стекнатата имотна корист.
Против Е.Х. дополнително се води постапка поради сомневање за фалсификување документи. При апсењето, кај него биле пронајдени важечки документи од Србија, но и сомнителни странски документи. Исто така, било утврдено дека по него е распишана меѓународна потерница.
Двајцата осомничени се приведени поради ризик од бегство, информираат од ОДТ Подгорица.



























