ЕВН најави обемни планирани прекини на електричната енергија за утре, 2 декември, кои ќе ги зафатат повеќе тетовски села и делови од градот. Прекините ќе траат од утринските часови, па сè до попладне, зависно од локацијата.
Според најавата, без струја во период од 08:00 до 15:30 часот ќе бидат делови од селото Џепчиште, вклучително и објектите во близина на фабриката „Ренова“ и околните локации.
Од 08:00 до 15:30 часот прекини ќе има и во делови од с. Непроштено, особено околу т.н. Непроштенска урвина.
Прекини се најавени и за селата Седларево, Гургурница, Луковица и Мерово, каде електричната енергија ќе биде исклучена од 08:45 до 14:45 часот.
Во Челопек, од 08:50 до 14:35 часот, без струја ќе бидат објектите во делот на селото кон училиштето, како и помеѓу патот кон Горни Челопек (09:00–14:00 часот).
Прекин е најавен и во Ново Село, каде електричната енергија ќе биде исклучена од 08:59 до 14:00 часот, како и во делот од Ново Село кон Дервенд.
Во градот Тетово, делови од блок 70 спроти ЕДТКО ќе останат без струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот.
Прекин ќе има и во селото Пирок, од 09:00 до 14:00 часот.
Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да се прилагодат на планираните прекини и да ги заштитат електричните уреди.



























