УТРО.мк

Тоневски: Регионалните проекти ќе донесат реални бенефити за граѓаните

Тоневски: Регионалните проекти ќе донесат реални бенефити за граѓаните
Vero

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, денес беше едногласно избран за претседател на Советот за развој на Источниот плански регион на седницата на која присуствуваа градоначалниците од сите општини во регионот.

Тоневски изрази искрена благодарност за довербата и поддршката од своите колеги, нагласувајќи дека ваквото единство претставува силна основа за успешна работа и координација меѓу општините.

Тој истакна дека заедничката мисија на Советот ќе биде обезбедување рамномерен регионален развој и реализација на значајни проекти кои ќе донесат вистински бенефит за сите жители во Источниот плански регион.

„Ќе работиме посветено и координирано за да создадеме услови за развој што ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните“, порача Тоневски.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран