УТРО.мк

Временска прогнозата за првите две седмици од Декември

Временска прогнозата за првите две седмици од Декември
Vero

Според актуелната временска прогноза, првата половина од декември ќе биде во знакот на променливо време и температури типични за почетокот на зимскиот период.

Почетокот на месецот, 1 и 2 декември, ќе донесе претежно сончево време со умерена облачност. Дневните температури ќе достигнуваат околу 11 и 9 степени, а утринските ќе се движат близу нулата.

Од среда, 3 декември, следува серија дождливи денови кои ќе потраат до сабота, 6 декември. Во овој период се очекуваат пообилни врнежи, а температурите ќе останат во двоцифрен опсег, со максимални 13 степени во четврток.

По дождливиот период, недела (7 декември) повторно ќе донесе сончеви интервали, но веќе од понеделник (8 декември) се очекува краткотраен дожд, пред времето повторно да се стабилизира.

Од вторник (9 декември) до 14 декември ќе преовладува суво и претежно облачно време. Дневните температури постепено ќе се намалуваат од 10 на 7 степени, додека утринските ќе се спуштат до околу 1 степен при крајот на периодот.

Метеоролозите препорачуваат соодветна облека поради брзите промени во времето и задолжително носење чадор во првата седмица од месецот.

Извор: 4news.mk

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран