УТРО.мк

Сообраќајните прекршоци ќе стигнуваат директно на мобилен и е-маил – половина глоба ако се плати во рок од 8 дена

Сообраќајните прекршоци ќе стигнуваат директно на мобилен и е-маил – половина глоба ако се плати во рок од 8 дена
Vero

Од денеска, 1 декември 2025 година, започна пробниот период на проектот „Безбедна држава“, кој предвидува сторителите на сообраќајни прекршоци да добиваат известување преку СМС порака и електронска пошта.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, МВР врши контрола на возачите и учесниците во сообраќајот преку непосредно забележување, технички средства и уреди за снимање. Со новите измени, прекршоците ќе можат да се документираат и електронски, преку системот „Безбеден град“.

Во почетниот период, системот ќе ги евидентира прекршоците како: возење со брзина над дозволената, минување на црвено светло, истечена важност на возачка дозвола и непрописно паркирање. Во следната фаза е предвидено проширување на видот на прекршоците што ќе се регистрираат електронски, соопшти Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Сопствениците на возилата со констатиран прекршок ќе добиваат СМС и е-маил со линк за преземање на записникот и платниот налог. Ако глобата се плати во рок од осум дена од приемот на записникот, сторителот ќе плати само половина од износот. По истекот на овој рок, може да се плати целата глоба, најдоцна во следните осум дена пред почеток на извршната постапка.

Плаќањето ќе може да се изврши електронски преку линкот во известувањето, а МВР веднаш добива известување дека глобата е платена. Странците и државјаните кои заминуваат во странство се должни глобата да ја платат веднаш, а во спротивно МВР ќе ја проследи до органот за присилна наплата.

За прекршоци кои покрај глобата предвидуваат и забрана за управување со моторно возило, МВР ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка до надлежен суд, доколку глобата е платена во предвидените рокови.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран