УТРО.мк

ВИДЕО: Старото Тетово оживеа на филм: „Време на Летала“ од 1982 година

ВИДЕО: Старото Тетово оживеа на филм: „Време на Летала“ од 1982 година
Vero

Во 1982 година, режисерот Иван Митевски го одбра стариот дел на Тетово за снимање на својот филм „Време на Летала“. Првата и последната сцена, во која се појавува рингишпил, се снимени на Колктук, на денешното игралиште пред црквата Свети Никола. Голем број сцени во домашна атмосфера се снимене во две стари куќи на ул. Гоце Делчев, кои денес се напуштени и пред распаѓање. Дел од сцените се снимени и во дуќаните кај Двата Бреста и старото Медицинско училиште, некогашна Гимназија крај Пена.

Филмот го прикажува последниот мирен период пред почетокот на Втората светска војна. Според авторите: „Секое време си има своја игра. Ова е време кога детската фантазија умееше да создаде уметност, а возрасните уживаа во љубовен занес. Време кое сурово го прекина војната и означи крај на едно детство и една младост.“

Сценариото е дело на Русомир Богдановски, а во филмот глумеле Силвија Стојановска, Јорданчо Чевревски, Киро Ќортошев, Ацо Стефановски, Игор Џамбазов, Фирдаус Неби, Сабина Ајрула и многу други актери.

„Време на Летала“ останува значаен дел од македонската филмска историја, особено поради приказната што ја доловува и уникатните локации на старото Тетово.

Филмот може да го погледнете тука

Извор: Дарко Гавровски / портал ‘Тајните на Тетово’ / gavro.com.mk

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран