Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици и елементи на кривично дело ја потресе швајцарската јавност викендов.
Во инцидентот што се случи во Шлиерен, кантон Цирих, животот трагично го загуби 39-годишен државјанин н Македонија.
Возачот, исто така 39-годишен Македонец, по сударот избегал од местото на настанот без да му пружи помош на својот тешко повреден сопатник.
Настанот се случил доцна во саботата вечерта, а епилогот е едно загинато лице, еден уапсен и истрага која сè уште трага по мистериозна сопатничка.
„Летале“ низ зона 30 со џип од 500 коњски сили. Според официјалниот извештај на Кантоналната полиција во Цирих, несреќата се случила во саботата околу 23:30 часот. Возилото, моќен СУВ (џип) марка „БМВ“ со над 500 коњски сили, се движело од улицата „Енгштрингерштрасе“ кон „Грабенштрасе“.
Полициските експерти врз основа на трагите на местото на несреќата заклучиле дека се возело со значително поголема брзина од дозволената, во зона каде ограничувањето е стриктно 30 километри на час.



























