Пет работници од Скопје биле физички нападнати во Сарај откако претходно извршувале работни задачи во едно средно училиште. Според информациите од МВР, нападот се случил на 29 ноември околу 21 часот.
Ф.Љ. (24) од Скопје пријавил дека тој и неговите колеги А.Н. (18), Н.Љ. (26), А.Д. (36) и Р.С. (24) биле нападнати од три лица од Сарај – С.П. (41), Н.П. (47) и С.П. (37). Напаѓачите употребиле остар предмет и солзавец.
Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.























