УТРО.мк

Општина Центар урна дивоградба во Дебар Маало – Герасимовски најави засилени контроли

Општина Центар урна дивоградба во Дебар Маало – Герасимовски најави засилени контроли
Vero

Општина Центар ја отстрани бесправната доградба на деловен објект на улица „Орце Николов“ бр. 139 во Дебар Маало, која била изградена без одобрение и на јавна површина наменета за сите граѓани. Доградбата, со димензии 15 x 5,7 метри, ја извршил инвеститорот „Екотон Дизајн“, кој не постапил по претходно издаденото решение за отстранување.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека општината нема да дозволи узурпирање на јавниот простор и дека секој бесправен објект ќе биде санкциониран со решенија и постапки за целосно отстранување.

– Јавните површини во Центар им припаѓаат на сите граѓани и нема да дозволиме да станат приватен имот поради самоволие. Продолжуваме со акцијата за расчистување на дивоградби низ општината – рече Герасимовски.

Во рамките на пошироката стратегија за уредување на урбаниот простор, општинските служби спроведуваат засилени инспекциски контроли за заштита на јавниот интерес и враќање на просторот кај граѓаните.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран