Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека патува во Москва за да обезбеди стабилно и достапно снабдување на Унгарија со руски гас и нафта за зимата и наредната година. Тој истакна дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин и за „мировните напори во Украина“, нагласувајќи дека ова прашање „тешко може да се избегне“.
Орбан утрово отпатува на средбата со Путин, порачувајќи дека патувањето е логистички сложено поради војната и потребата за избегнување на ризични зони, пишува „Magyar Nemzet“, пренесува Tanjug.
Унгарскиот лидер често се опишува како „црна овца“ на Европската унија, бидејќи додека другите членки се обидуваат да се ослободат од руски енергенти и да утврдат јасна поддршка за нападнатата Украина, Орбан постојано застапува спротивни позиции во Брисел.























