Властите во Хонг Конг соопштија дека е завршена акцијата за гаснење на пожарот во станбениот комплекс Таји По, кој однесе најмалку 128 животи, јавува BBC.
Според официјалните податоци, 79 лица се повредени, од кои повеќе од 50 се хоспитализирани. Меѓу нив, 12 се во критична состојба, а 28 во многу тешка. Околу 300 жители се водат како исчезнати, а од загинатите 89 сè уште не се идентификувани.
Прелиминарната истрага покажала дека пожарот се проширил многу брзо поради лесно запаллив стиропор поставен над прозорците на лифтовите, кој го забрзал ширењето на огнот низ ходниците и становите. Дополнително, заштитните мрежи и лимовите на надворешниот дел од зградата не ги исполнувале противпожарните стандарди.
Поради сомнение за убиство од небрежност, уапсени се три лица – двајца директори и консултант на изведувачот кој бил задолжен за реновирањето.
















![[ФОТО] Над 800 присутни велешани на хуманитарниот концерт за семејството Јовевски, досега собрани 200 илјади денари](https://wsrv.nl/?url=https://eu-central-1.linodeobjects.com/cmsnebula/192db6b2-2efe-4399-a814-392d3a40412e-1536x1536-1-1000x600.jpg&w=256&q=75&we)






