УТРО.мк

Европарламентот бара забрана на социјални мрежи за деца под 16 години

Европарламентот бара забрана на социјални мрежи за деца под 16 години
Vero

Социјалните мрежи треба да бидат недостапни за деца под 16-годишна возраст, освен доколку родителите не дадат согласност – ова е пораката од Европскиот парламент, кој со огромно мнозинство ја усвои резолуцијата за возрастни ограничувања на користењето дигитални платформи.

Иако документот не е обврзувачки, тој испраќа силен политички сигнал до земјите-членки да преземат конкретни чекори, во време кога растат стравувањата дека прекумерната изложеност на интернет може да го наруши менталното здравје на младите. Европската комисија веќе го анализира австралискиот модел на целосна забрана за лица под 16 години, кој ќе стапи во сила следниот месец.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во септември порача дека внимателно ќе го следи спроведувањето на австралиската политика. Таа остро ги критикуваше „алгоритмите што ја злоупотребуваат ранливоста на децата“ и предупреди дека многу родители се чувствуваат беспомошни пред „цунамито од содржини што го носат големите технолошки компании“.

Фон дер Лајен најави дека до крајот на годината ќе биде формиран експертски панел кој ќе препорача најсоодветни мерки за заштита на децата од дигиталните ризици.

Интересот за построги ограничувања расте низ Европа. Минатогодишниот експертски извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон препорача забрана за користење паметни телефони до 13 години, а пристап до социјалните мрежи дури по наполнети 18 години.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран