Во време кога половина од животот ни е во дигитална форма – од фотографиите од патување, до банкарските сметки и здравствените резултати – безбедноста не е само „техничка опција“. Таа е апсолутна потреба.
Секојдневно слушаме за хакнати уреди, фишинг пораки, сомнителни апликации… А сепак, телефонот сакаме да го користиме лесно, брзо и без стрес. Па, како да бидеме релаксирани, а сепак сигурни?
Одговорот на ова прашање ви го дава Samsung со својата безбедносна платформа Knox која што работи тивко во позадина, додека ти само уживаш во денот.
Knox – твојот дигитален телохранител
Знаете како во филмовите јунакот има таен телохранител што секогаш го чува? Е, платформата Knox го прави тоа за твојот телефон
• Не дозволува сомнителни или ризични апликации да се инсталираат.
• Ги блокира чудните USB уреди.
• Или, ако во најлош случај го изгубиш телефонот – можеш да ги избришеш сите чувствителни податоци од далечина.
Сите го имаме почувствувано тој момент кога инсталираме нова апликација, а таа веднаш бара пристап до сè – од фотографии до локација. Knox ја става контролата назад кај тебе.
Паметно, но и приватно
Можеби најшик делот од Galaxy телефоните е Galaxy AI – твој smart sidekick што преведува разговори, спрема одговори на пораки, прави белешки, средува фотографии и упростува секојдневни задачи.
Но што е најважното? Голем дел од тие функции работат директно на твојот телефон, без праќање податоци на сервери. Тоа значи приватност без компромис и паметни функции без ризик. И секогаш имаш избор – Cloud AI можеш да го исклучиш во секој момент.
Плус, со Privacy Dashboard точно гледаш која апликација што користела – нема скриени изненадувања.

KEEP – секоја апликација во своја „приватна соба“
Замисли дека сите твои апликации живеат во ист стан, но секоја има своја заклучена соба. Така функционира Knox Enhanced Encrypted Protection (KEEP).
• Банкарската апликација ги чува твоите ПИН кодови во посебна, шифрирана зона.
• Фитнес апликацијата ги чува здравствените податоци во своја, сосема одвоена зона.
• А апликацијата за храна? Таа нема поим за ништо друго освен адресата што си ја внел.
KEEP значи дека податоците не се мешаат, не “протекуваат”, и не завршуваат таму каде што не треба. Тоа е како да кажеш: мојата приватност, моите правила.
Samsung создава уреди што не се само паметни, туку и сигурни по дефиниција.
Galaxy AI ти го олеснува секојдневието, Knox го обезбедува заднината, а KEEP додава суперслој на приватност.
А ти? Ти можеш да живееш спокојно, да работиш, да патуваш, да споделуваш и да креираш – знаејќи дека твоите податоци се таму каде што треба да бидат – само кај тебе и само за тебе.























