Светската карта наскоро може да добие нова држава, откако Бугенвил – остров во Тихиот Океан кој формално сè уште е дел од Папуа Нова Гвинеја – се приближува кон историско самостојување. Референдумот одржан во 2019 година покажа речиси беспрекорен консензус: дури 97 проценти од жителите се изјасниле „за“ независност.
Според податоците на Обединетите нации, денес постојат 195 држави, а последната што ја доби својата меѓународна титула беше Јужен Судан во 2011 година. Но, таа позиција на „најмлада земја во светот“ би можела да се промени веќе до 2027 година, кога Бугенвил се очекува да го финализира процесот на одвојување.
Иако географски мал, Бугенвил привлекува големо внимание. Во идната листа на независни држави би се најдел на 174 место според број на жители и на 162 место по површина. Островот е познат по својата богата култура, силен локален идентитет и долгогодишни политички напори да стане суверена држава.
Доколку процесот се финализира, Обединетите нации би добиле нова 196-та членка – а светот ново знаме на својата политичка мапа.























