УТРО.мк

Советот на Општина Битола со низа одлуки: Се деблокираат урбанистичките планови стопирани од 2020 година

Советот на Општина Битола со низа одлуки: Се деблокираат урбанистичките планови стопирани од 2020 година
Vero

На денешната 3-та седница, Советот на Општина Битола разгледа обемен дневен ред со 59 точки, меѓу кои најзначајна беше измената и дополнувањето на Програмата за финансирање и изработка на урбанистички планови за 2025 година.

Со усвоените измени се создава можност за продолжување на сите урбанистички планови што биле стопирани во 2020 година, со што се отвора пат за нивно конечно завршување и јавна презентација пред граѓаните. Според општината, ова претставува прв сериозен чекор кон транспарентен, законски и стручeн процес на планирање, кој треба да обезбеди уреден град, плански развој и поголема вклученост на јавноста.

Советот донесе и одлука за продолжување на соработката со Националната мрежа за жртви на семејно насилство. На овој начин, Општина Битола ја потврдува својата определба за континуирана поддршка на ранливите категории и останува една од водечките општини во државата по однос на превенцијата, заштитата и помошта на жртвите од семејно насилство.

Покрај овие, беа усвоени и бројни одлуки поврзани со комунални претпријатија, донации, управни и надзорни одбори, јавни установи и урбанистички процеси, со што општината ја продолжува динамиката на институционално функционирање и локален развој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран