УТРО.мк

Таен германски план предвидува распоредување на 800.000 НАТО војници кон источниот фронт во случај на напад од Русија

Таен германски план предвидува распоредување на 800.000 НАТО војници кон источниот фронт во случај на напад од Русија
Vero

Дванаесет високи германски офицери изработиле таен оперативен план кој би се активирал во случај на директен воен судир меѓу НАТО и Русија, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ). Работата на документот започнала пред околу две и пол години, а германските власти досега не го коментираа неговото постоење.

Планот, опфатен во документ од 1.200 страници, детално опишува како 800.000 војници од Германија, САД и други сојузнички држави би биле префрлени кон источниот фронт. Во него се наведени пристаништата, железничките линии, реките и патиштата што би се користеле за транспорт, како и логистичката поддршка и мерките за заштита на трупите.

Според WSJ, анализите на германските служби покажуваат дека Русија би можела да биде подготвена за напад врз НАТО до 2029 година. Но, серијата на последни шпионски активности, саботажи и нарушувања на европскиот воздушен простор создаваат сомнеж дека Москва можеби планира порано дејствување.

Во дел од проценките се наведува и дека евентуален прекин на огнот во Украина би ѝ овозможил на Русија да ги насочи своите воени ресурси кон потенцијални цели во Европа.

Од НАТО досега нема официјална реакција на обелоденетите информации.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран