УТРО.мк

Божиновска: УНДП е три децении клучен партнер во развојните процеси на Македонија

Божиновска: УНДП е три децении клучен партнер во развојните процеси на Македонија
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска присуствуваше на одбележувањето на 30-годишнината од присуството на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Македонија, оценувајќи дека ова партнерство е едно од најзначајните за државата.

Таа истакна дека УНДП во изминатите три децении останува „силен, стабилен и исклучително важен сојузник“ во развојните процеси, со посебен придонес и во енергетскиот сектор.

Божиновска потсети дека УНДП беше клучен партнер и во организацијата на Меѓународниот форум за енергија и одржлив развој, нагласувајќи дека со овој настан Македонија покажа дека може да биде домаќин на глобални собири и да испрати јасна порака за својата амбиција и подготвеност да игра поважна улога во светските енергетски процеси.

„Во децениите што следат, ќе продолжиме да ја засилуваме соработката и темпото на реформите што ја движат државата напред“, порача министерката.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран