УТРО.мк

Реакција од Македонски Концепт: Идејата на Левица ќе создаде ново јавно претпријатие-загубар

Реакција од Македонски Концепт: Идејата на Левица ќе создаде ново јавно претпријатие-загубар
Vero

Македонски Концепт остро реагира на предлог-иницијативата на Левица за формирање на ново јавно претпријатие “Енергија Скопје”, оценувајќи дека станува збор за „повторно оживување на стар социјалистички модел“ кој, според нив, ќе резултира единствено со нови партиски вработувања и финансиски загуби коишто ќе ги покриваат граѓаните.

„Секој предлог за формирање на ново јавно претпријатие е предлог за нов загубар“, стои во реакцијата. Од Македонски Концепт посочуваат дека јавните претпријатија, без разлика на политичкото раководство, со децении работат со загуби кои се покриваат преку пари од даночните обврзници.

Според нив, планот на Левица – Градот Скопје да основа фирма, да се задолжува со кредити и да вработи „армија администратори под превезот на идејата за евтина струја“ – е економски неодржлив и ќе доведе до систем зависен од постојани дотации од буџетот.

Од Македонски Концепт нагласуваат дека државата веќе има енергетски компании што работат во загуба и дека „не се потребни нови службени возила, тендери и партиски списоци за вработување“.

Наместо ново јавно претпријатие, тие нудат радикално различен модел кој се темели на пазарни принципи. Во соопштението се издвоени пет столба:

  1. Целосна либерализација на пазарот на електрична енергија за домаќинствата и малите фирми.
  2. Укинување на монополот на нисконапонската мрежа.
  3. Елиминација на административните бариери за фотоволтаици – секој граѓанин да може да произведува и продава струја.
  4. Приватизација на енергетските субјекти наместо формирање нови јавни претпријатија.
  5. Создавање вистинска конкуренција со повеќе снабдувачи.

„Само преку слободен пазар цената на струјата може да падне драстично“, велат од Македонски Концепт, предупредувајќи дека решението на Левица претставува „Југословенска самоуправа 2.0“, додека нивната визија е насочена кон слобода, конкуренција и економска благосостојба.

„Изборот е јасен“, завршува соопштението на Централниот комитет на Македонски Концепт.

Линк до соопштението:https://www.facebook.com/share/p/1C3NhoCNhA/

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран