СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и А.З.(46) од Струмица, сопственик и управител на правното лице, поради основи на сомневање дека во три наврати сториле кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот закон.
Пријавениот правен субјект како даночен обврзник, а А.З. во својство на управител на правниот субјект, во 2023 година избегнувајќи законска даночна обврска пријавиле помал излезен данок во вкупен износ од 1.986.083 денари, со што постапиле спротивно на одредбите од Законот за додадена вредност. Исто така, правното лице како даночен обврзник и управителот не пресметале и не уплатиле данок на личен доход во вкупен износ од 3.888.722 денари. Воедно, при извршена контрола од Управата за јавни приходи во финансиската документација констатирани се непризнаени расходи, со што довело до зголемување на даночната основа за данок на добивка за 2023 година во вкупен износ од 3.889.072 денари. Со ваквите дејствија пријавените во 2023 година го оштетиле Буџетот на Р.С. Македонија во вкупен износ од 9.763.877 денари.



![[ФОТО] Над 800 присутни велешани на хуманитарниот концерт за семејството Јовевски, досега собрани 200 илјади денари](https://wsrv.nl/?url=https://eu-central-1.linodeobjects.com/cmsnebula/192db6b2-2efe-4399-a814-392d3a40412e-1536x1536-1-1000x600.jpg&w=640&q=75&we)



















