Јавното комунално претпријатие „Шари“ од Тетово ги извести граѓаните дека поради дефект на главната водоводна линија, улицата „Благоја Тоска“ ќе остане без вода сè до завршување на санацијата.
Од претпријатието информираат дека екипите веќе се на терен и работат на отстранување на дефектот. Засега не е прецизирано колку време ќе биде потребно за целосна санација, но апелираат граѓаните да имаат разбирање и трпение.
Жителите на оваа улица се повикуваат да се снабдат со потребните количини вода за секојдневна употреба додека трае прекинот во водоснабдувањето.