УТРО.мк

Европската Унија: „Да се избегне ескалација, Итно на преговарачка маса“

Европската Унија: „Да се избегне ескалација, Итно на преговарачка маса“
Vero

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска остро реагираше на воздушните напади на САД врз три ирански нуклеарни објекти, повикувајќи на итна воздржаност и враќање на дипломатијата.

Во објава на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), Калас подвлече дека меѓународната заедница не смее да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, но истовремено апелираше сите актери да го запрат насилството.

– Ги повикувам сите страни да се воздржат, да се вратат на преговарачката маса и да спречат понатамошно влошување на ситуацијата – напиша Калас.

Таа најави дека утре ќе се одржи итен состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, на кој ќе се анализира ситуацијата и ќе се утврдат можните чекори на Унијата.

Овој став на Калас доаѓа во екот на сериозната безбедносна криза на Блискиот Исток, по американските напади и иранскиот ракетен одговор врз Израел. Европската Унија се обидува да одигра медијаторска улога и да го врати фокусот кон дипломатијата, со цел избегнување на поширок регионален конфликт.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран