Во раните утрински часови, САД изведоа најсилен напад досега врз ираниот нуклеарен програм, со цел три клучни објекти – Фордо, Натанз и Исфахан. Шест невидливи бомбардери Б-2 Спирит испукаа 14 бомби за пробивање бункери врз ултрацврстиот подземен комплекс во Фордо, додека американски подморници испукаа преку 30 крстосувачки ракети кон другите цели.

Објавените сателитски снимки и 3D модели на иранскиот погон Фордо, изработени од Open Source Centre, јасно покажуваат шест кратери од ударите на проектилите. Нападот е резултат на повеќегодишно планирање со цел уништување на капацитетите за збогатување ураниум.

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека објектите се „целосно уништени“, додека Меѓународната агенција за атомска енергија засега не бележи зголемени нивоа на радиоактивност на погодените локации.