УТРО.мк

ХАОС НА ВИДИК: Ако Иран го затвори Ормускиот Теснец – светот влегува во енергетска криза!

ХАОС НА ВИДИК: Ако Иран го затвори Ормускиот Теснец – светот влегува во енергетска криза!
Vero

Одлуката на Доналд Трамп да ги нападне иранските нуклеарни постројки го стави Блискиот Исток на раб на вооружен судир, но вистинската глобална закана допрва следува – затворање на Ормускиот Теснец.

Овој теснец, широк само 33 километри, е стратешка артерија низ која секојдневно поминува околу петтина од вкупната светска нафта. Доколку Иран го блокира, последиците ќе бидат катастрофални: цените на нафтата би скокнале над 100 долари по барел, ќе следат економски шокови, инфлација, нарушени синџири на снабдување и можност за нова глобална рецесија.

Според експертите, дури ни алтернативните рути не можат да ја апсорбираат количината на нафта која поминува низ Ормус. Азија – особено Кина, Индија, Јапонија и Јужна Кореја – најмногу би страдале, но и Европа и САД би почувствувале жестоки последици.

Иако Иран сè уште двоуми, геополитичките тензии растат, а сигналите од Техеран се сè поагресивни. Ако режимот почувствува егзистенцијална закана, затворањето на Ормус може да биде „нуклеарна опција“ со која ќе се обиде да го сврти балансот на своја страна.

Во меѓувреме, светот стравува – не само од нова војна, туку и од целосен енергетски и економски хаос кој може да започне со еден потег во Ормускиот Теснец.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран