УТРО.мк

iPhone 17 Pro би можел да добие парна комора за ладење

iPhone 17 Pro би можел да добие парна комора за ладење
Vero

Според нови гласини, Apple конечно би можел да ја воведе парната комора како метод за ладење во своите идни iPhone 17 Pro модели. Оваа технологија веќе подолго време се користи кај премиум Android телефони како Samsung Galaxy S25 Ultra, каде покажува значително подобри резултати во одведување на топлина од актуелните графитни плочи што Apple сè уште ги користи.

Парната комора е тенка, затворена метална структура исполнета со мала количина течност. Кога процесорот ќе се загрее, течноста испарува, а пареата се движи низ комората, рамномерно распределувајќи ја топлината. Откако ќе се олади, пареата повторно се кондензира во течност, и циклусот се повторува. Ваквиот систем би овозможил ефикасно ладење на идниот A19 Pro чип, кој најверојатно ќе се користи во iPhone 17 Pro.

Иако информацијата доаѓа од Majin Bu, извор што не е секогаш најсигурен кога станува збор за Apple, ваквото решение делува логично, особено со оглед на потребата од подобро термално управување при гейминг и тешки задачи. Ако Apple навистина го примени овој систем, тоа би бил значаен чекор напред во однос на термалната ефикасност на своите уреди.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран