УТРО.мк

Потпретседателот Џеј Ди Венс: Не сме во војна со Иран

Потпретседателот Џеј Ди Венс: Не сме во војна со Иран
Vero

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, денеска изјави дека Америка не е во војна со Иран, туку со неговата нуклеарна програма, откако САД изведоа прецизни напади врз иранските нуклеарни постројки во Фордо, Исфахан и Натанц.

– Не сакаме војна со Иран. Всушност, сакаме мир – рече Венс во интервју за NBC, нагласувајќи дека целта на интервенцијата е спречување на Техеран да дојде до нуклеарно оружје, а не ескалација на конфликт.

Изјавата доаѓа во време на зголемена загриженост дека вклучувањето на САД во конфликтот меѓу Израел и Иран може да доведе до поширока регионална војна. Венс потенцираше дека, доколку Иран се откаже од својата нуклеарна програма и не возврати со напади врз американски цели, би можело да има „добри односи“ со САД.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран