Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Црна Гора на патот кон Европската Унија, оценувајќи дека земјата останува лидер на Западен Балкан во пристапниот процес, но и дека се потребни посилни реформи и отпорност кон надворешни влијанија.
Извештајот, подготвен од поранешниот словенечки премиер Марјан Шарец, беше изгласан со 470 гласа „за“ и 102 „против“. Во документот се поздравува поддршката за евроинтеграцијата меѓу граѓаните на Црна Гора, која според анкетите достигнува и до 80 проценти.
„И власта и опозицијата се свесни дека европскиот пат нема алтернатива“, изјави Шарец во расправата.
Во извештајот се пофалува напредокот на Црна Гора во одредени реформи, но истовремено се изразува загриженост поради зголемениот „малиген странски влијание“, обиди за дестабилизација, сајбер напади и кампањи на дезинформации.
Европскиот парламент ѝ порача на Подгорица да ги засили активностите во борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и да обезбеди независност на судството и медиумите.